Американските дипломати имаат оштетување на мозокот од акустичните напади на Куба


Кај персоналот на Амбасадата на САД на Куба, кој беше цел на чудни звучни напади, откриени се мозочни аномалии, објавија лекарите во денеска.

Според нивните зборови, со што и да бил нападнат персоналот на Амбасадата во Хавана, довело до „забележителни промени во мозокот“.

Наодите на лекарите потврдуваат дека американските дипломати на Куба биле жртви на некој вид „звучен напад“, објави АП.

Медицинските прегледи на функционерите ги идентификуваа промените во белата маса на мозокот преку која комуницираат делови од мозокот, велат американските официјални претставници.

Американско-кубанските односи се влошија минатото лето откако претставници на Стејт департментот објавија дека група американски дипломати на Куба имале сериозни оштетување слухот, како што рекле, од некој вид акустичен напад.

Но што слушале дипломатите и претставниците на американската амбасада во Хавана со месеци? Одговорот го даде агенцијата „Асошиетед прес“, која објави кратко видео од звукот што го слушале дипломатите.