Алегри по четврти пат најдобар тренер во Серија А

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ќе ја добие наградата „Златна клупа“ што се доделува на најдобриот тренер во италијанскиот фудбалски шампионат.

Во гласањето учествуваат тренерите на сите екипи во калчото.

Како што објавија италијанските медиуми, второто место му припадна на Џан Пјеро Гасперини од Аталанта, а трет е Маурицио Сари од Наполи.

Ова е четвртото признание „Златна клупа“ во кариерата на Алегри. За првпат го доби сезоната 2008/09 како тренер на Каљари.