Албанската опозиција бара преодна влада без Рама премиер, за да оди на избори
Најголемата албанска опозициска сила,Демократската партија, го условува учеството на локалните избори на 30 јуни, со формирање преодна влада на чие чело нема да биде актуелнот премиер Еди Рама.
-Преодна влада значи влада која ќе создаде услови за избори кои нема да бидат заложници на криминалот и парите од дрога, каде граѓаните ќе го создадат тој простор, со враќање на Парламентот. Тоа не може да го направи еден премиер чија политичка егзистенција избра да преживее за интересите на грст олигарси и криминалци,-изјави Баша гостувајќи во емисија на тиранската телевизија Ора њуз.
Тој посочи дека преодна влада со подготовката на клучните реформи и спроведвањето слободни и фер избори ќе дадат можност на Албанја за ги запоне разгворите со ЕУ а потоа да спроведе и предвермени парламентарни избори.
Баша,повторно обвини дека со Еди Рама Албанија потонала во криминал.
-Со овој човек, Албанија е потоната во криминал. Основно прашање на кое тие одговорија негативно: Дали со оваа влада имаме повеќе или помалку криминален извоз во други земји. Помалку и повеќе илегални имигранти? Одговорот е многу повеќе криминал од Албанија, многу поголема емиграција. Еди Рамасе откажа да управува со земјата според европските правила,-обвини Баша.