АД Европа се приклучи на иницијативата за скратено работно време за родителите по породилно отсуство

Компанијата АД Европа како една од најстарите фабрики за кондиторски производи на Балканот со големо задоволство ја прифати иницијативата за креирање на што подобри услови за своите вработени со што се овозможува дополнителни 3 месеци скратено работно време за родителите кои се враќаат од породилно отсуство.
Вработените во АД Европа кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, во наредните три месеци по завршување на редовните 9 месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца) добиваат право за работење со скратено работно време (половина од полното работно време), а притоа им се исплаќа целосен личен доход и ги уживаат сите други привилегии од работниот однос заснован на полно работно време.
Фабрика Европа постои од далечната 1882 година и претставува една голема фамилија со околу 400 вработени од кои над 300 се жени на различна годишна возраст.
Ова е само една од новините кои новиот менаџерски тим успешно ги имплементира во АД Европа и со тоа го најавува модернизирањето на компанијата. Изминатата година билансот на успех забележа значителен раст, а тоа е одлика на работењето на целиот тим и заслуга на посветеноста на сите вработени во фабриката.