Адвокатите на Канческа – Милеска бараат јавноста да не ги слуша бомбите за „Тендери“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска почна рочиштето во предметот на СЈО „Тендери“ што се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје.

Првообвинета во овој случај е поранешната министерка Елизабета Канческа-Милевска, која е присутна на денешното рочиште на кое треба да се сослушуваат аудио снимки кои се доказ во постапката.

Одбраната бара јавноста да биде исклучена заради заштита на приватноста и на обвинетите и сведокот, а обвинителството е против.

Судечкиот совет се повлече за да одлучи дали јавноста треба да присуствува на изведувањето на аудио снимките за тендери.

Второ и трето обвинетите во овој случај биле членови на Комисијата за јавни набавки.