Џејн Фонда: Мислев нема да доживеам 30. и ќе умрам како зависничка
Џејн Фонда, една од холивудските легенди на 21 декември го прослави својот 80. роденден. Во интервју за Пипл истакнала дека едноставно е благодарна што е сеуште жива.
-Во младоста бев уверена дека нема да доживеам ниту 30 години. Мислев дека ќе умрам осамена и како зависник. Не мислев дека ќе ги доживеам овие години и дека сеуште ќе бидам активна и здрава и дека сеуште ќе работам. Среќна сум и благодарна за тоа, изјавила глумицата.
Детството на Фонда беше одбележано со семејна трагедија. Нејзината мајка боледувала од психичка болест и извршила самоубиство кога Џејн имала 12 години.
Џејн од секогаш го идеализирала својот татко, легендарниот актер Хенри Фонда, иако рекла дека е исклучително бил емотивно ладна личност. Поради тоа Фонда во тинејџерските денови била многу несигурна и осамена.
Со булимија се борела со децении дури и во времето кога го доживеала невидениот успех во Холивуд и кога освоила два Оскари.
Денес се сите грижи далеку од неа.
Во интервјуто се навратила и на тоа што се научила за животот и љубовта, па и за своите три брака со режисерот Роџер Вадим, со активистот Том Хајден и со медиумскиот магнат Тед Тарнер.
-Ако не се чуствуваш добро и сигурно, бегај од таа врска, ги советувала своите обожаватели и додала дека најмногу жали што не поминала повеќе време со своите деца додека растеле.
– Благодарна сум што станав подобра и навистина се трудев да станам подобар човек, изјавила Фонда