Џејмс Бонд доби ќерка на 50 години


САД– Актерот Даниел Крег (50) кој го глуми последните три години тајниот агент Џејм Бонд, со сопругата, актерката Рејчел Вајс (48) добија ќерка.

Тоа е прво нивно заедничко дете. Името на малата принцеза се уште не е познато, но членовите на блиското семејство велат дека раѓањето поминало во најдобар ред, а девојките се чувствуваат одлично.

Познатите актери се венчаа пред седум години. Од нејзиниот претходен брак со режисерот Дарен Аронофски, Рејчел има 12-годишен син по име Хенри. Крег пак има 25-годишна ќерка, Ела, родена во неговиот брак со Фиона Лауден.