Џафери се сретна со Кучан


Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска оствари средба со поранешниот претседател на Словенија, Милан Кучан, на која било изразено задоволство од одличните односи меѓу двете земји. Џафери го информирал соговорникот за случувањата на внатрешен и на надворешен план во земјава изминатата година. Од друга страна, Кучан, како личен сведок на осамостојувањето на Македонија, нагласи дека земјата покрај соочувањето со препреки во внатрешните односи, се соочила и со препреки во надворешните односи со соседите, кои нѐ зависат од добрата волја од страна на Македонија, ниту од нејзините заложби.

Во однос на претстојниот Самит во Софија, претседателот Кучан изрази надеж дека истиот ќе ги откочи интеграциските процеси за земјите од Западен Балкан, кои беа блокирани поради неможноста за продлабочување на внатрешните односи меѓу земјите членки во Унијата.