Ѓоковиќ се раздели со тренерот Штепанек


Само неколку дена по заминувањето на Андре Агаси, Новак Ѓоковиќ ја раскина соработката и со другиот тренер, Радек Штепанек.
– По турнирот во Мајами, Новак Ѓоковиќ и Радек Степанек решија да стават крај на заедничката работа, стои во соопштение на официјалниот сајт на српската тениска ѕвезда.
Минатиот јули Ѓоковиќ доби повреда на лактот во четвртфиналето на „Вимблдон“ и беше надвор од терените околу шест месеци. Тој се врати на Австралија опен во јануари, но загуби во четвртиот круг. Во февруари, Србинот претрпе операција на лактот.
Ѓоковиќ во март настапи на „Мастерс“ турнирите во Индијан Велс и Мајами, каде што загуби во вториот круг. Следниот турнир во кој треба да учествува е Монте Карло од 14 до 22 април.