Шкендија ги продолжи договорите со Тодоровски, Мурати, Емини и Бојку


Новиот македонски шампион Шкендија ги продолжи договорите со дефанзивците Мевлан Мурати и Благоја Тодоровски, како и со напаѓачот Изаир Емини и Бесмир Бојку.

Десниот бек Благоја Тодоровски останува во тетовскиот клуб уште една година, со опција договорот да му биде продолжен за уште една. Нов едногодишен договор потпиша и Емини.

Мурати го продолжи договорот на уште три години, а Бојку потпиша договор на две години со можност за продолжување на соработката на уште две.

Меѓу фудбалерите со истечен договорот е и капитенот Ферхан Хасани, кој веќе е слободен фудбалер, а добива и понуди од странство.

Тетовскиот клуб сезонава доминираше во нашиот шампионот, а освојувајќи го и Купот на Македонија стигна и до двојната круна.

Шкендија најави засилувања на скоро сите позиции, пред да почнат квалификациите за Лигата на шампионите.