Шекуларац: Да дадев гол за 4:3, сите ќе останеа живи
Легендата на Црвена ѕвезда Драгослав Шекуларац се потсети на трагедијата која се случи на денешниот ден пред 60 години кога во авионска несреќа во Минхен загинаа фудбалери на Манчестер Јунајтед. Популарниот Шеки индиректно си ја префрли вината истакнувајќи дека доколку постигнел победнички гол, ќе се избегнела несреќата.
– Ако дадев гол за победа од 4:3 ќе требаше за три дена да играме мајсторка во Италија и тие немаше да се вратат со тој лет во Манчестер. Кој знае колку пати си реков: Како по ѓаволите не бев подобар стрелец. Сите тие момци ќе беа живи.
Играчите на Црвена Звезда и Манчестер Јунајтед не беа само големи ривали на теренот, туку и пријатели надвор од него.
– Ние сме со нив имавме неверојатно пријателство. Секој беше пријатен и воспитан, вистински англиски џентлемени. По натпреварот со Боби Чарлтон и со несреќниот Томи Тејлор поминавме незаборавна вечер. Поради оваа генерација неизмерно го почитувам Манчестер Јунајтед и ден-денес. Во куќата немам фотографија од мене, но чувам врамена слика од тимот кој згасна на 6 февруари во Минхен . Тоа е животот, заклучи шекуларац.