Челзи нема да продава играчи ова лето


Данскиот дефанзивец на Челзи, Андреас Кристенсен, откри дека играчите добиле исклучително важна порака од раководството. Станува збор за тоа дека ниту еден од фудбалерите нема даможат да го напуштам клубот во летниот трансфер прозорец, поради забраната за трансфери на ФИФА.

„Сините“ се жалат против казната што им е наметната за кршење на правилата за привлекување фудбалери на возраст под 18 години. Тие ја очекуваат одлуката на спортскиот арбитражен суд (КАС) во Лозана, но најверојатно клубот нема да може да се засили со нови играчи за следната сезона.

– Ни соопштија дека клубот сака да ги задржи сите играчи во текот на летото. Ситуацијата ми е многу тешка за прифаќање, изјави 22-годишниот дефанзивец.

Тој ретко добива шанси за докажување од менаџерот Маурицио Сари и се надева дека ќе продолжи да игра во Лига Европа, каде Челзи ќе се сретне со Славија (Прага) во четвртфиналето.

– Се надевам дека ќе продолжам да бидам во составот, додека сме во турнирот. Се обидувам да ги покажам квалитетите на тренинзите, но е доста тешко, бидејќи поради многу натпревари речиси немаме време за тренирање, додаде Кристенсен пред данскиот весник „Екстра Бладет“.