Хороскоп: Што велат ѕвездите за празниците


ОВЕН: Прекрасен период во кој што е добро да го продлабочите своето разбирање за нештата: еден циклус завршува успешно и влегувате во нов. Приоритетите ќе се менуваат и ќе треба да избирате мудро: да знаете што може да постигнете, а што ви е само пуста мечта. Нурнете во своите тајни одаи – која е вашата страст?

БИК: Вашето разбирање се продлабочува и пред вас се широки хоризонти преку кои може да дојдете до успех. Најважно од сè е да обрнете внимание на толеранцијата, да ги прифатите сите онакви какви што се, без оглед на пол, боја, нација или раса. Време е за сочувство, смиреност и дипломатија. Бидете мудри!

БЛИЗНАЦИ: Сега сте силни и сакате да се обидете со нови работи во животот – среќата почнува да се враќа. Пред вас се авантури и возбудливи можности, а со Јупитер во Стрелец и можност за партнерства. Убав период да појдете на пат, каде што ќе уживате во добро друштво. За момент заборавете го минатото и уживајте!

РАК: Прекрасен период за славење, се чувствувате подмладено и уживате во убавите моменти со блиските. Можеби ќе појдете на пат, кон некое античко место каде што ќе ги покажете своите таленти – како оперска дива, ова се вашите пет минути! Време за флертување, сензуалност и романса. Надминување на стравот.

ЛАВ: Не брзајте никаде и ќе стигнете секаде на време! Не инсистирајте на работите, туку препуштете се на луксузот околу вас, задоволни од сè што постигнавте – време е за спиење на ловориките. Бидете пофлексибилни и верувајте во сопствените сили дека ќе успеете. Тоа е веќе половина успех. Богати ресурси.

ДЕВИЦА: Нема потреба да сте слепи за туѓата вистина, ниту пак да носите половични решенија: пред вас е прекрасен период за славење и правење на избори. Ова е ново животно поглавје и ќе треба да ги дефинирате своите цели. Дозволете им на работите да се движат по сопствен ритам и не брзајте. Убав период. Славете!

ВАГА: Нови почетоци и славење во друштво на помлади личности – искористете го периодот на празниците за правење на нови друштвени контакти, преку кои ќе може да ги реализирате своите идеи. Бидете духовити, шармантни и ќе дојдете до најдобрите учители: време е за инструкции, како ќе напредувате? Мудри сте.

СКОРПИЈА: Попрво би се повлекле, отколку да славите: веќе сте уморни и како пливач во немирни води, се борите да останете над површината. Преку глава ви е од сите остри зборови и местенки: шеми кои немаат крај. Престанете да претате и испливајте на кратко, препуштајќи ѝ се на струјата. Ќе се освежите. Оптимизам!

СТРЕЛЕЦ: Додека луѓето да се свестат, вие веќе заминувате на пат, искраднувајќи се тивко на прсти. Минувате низ големи животни лекции и потребно ви е време да ги поставите работите на своето место. Ако од нешто сте разочарани, тоа нема да биде за долго. Постои причина зад тоа и не вреди да се нервирате. Нова надеж.

ЈАРЕЦ: Ова е време кога ќе бидете чуени, планетите во вашиот знак ви ја даваат потребната поддршка да истапите и најавите промена. Сепак, избирајте добро кои информации ќе ги сочувате, а кои не и ќе го доживеете саканиот успех: очите ќе бидат вперени кон вас и вашите креативни проекти. Светла иднина!

ВОДОЛИЈА:Ова е променлив период, во кој што ќе треба да ги покажете своите вистински бои: каде припаѓате? Ќе ја постигнете саканата независност, ако само за момент имате слух за колективните потреби. Внимавајте на својот темперамент и ќе уживате во добра забава. Нема потреба од претерување: бројте колку пиете!

РИБИ: Под влијание на некоја стимулативна и искусна личност, сега сепак ќе треба да постапите по сопствените убедувања. Следете ја својата совест, ова излезе малку потешко од очекуваното. Вие сте посебни, но нема потреба тоа да го истакнувате, едноставно бидете свои! Ќе успеете да фатите ритам со славењето.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]