Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Ова е ден кога ќе се соочите со својата судбина: ќе треба да бидете исклучително внимателни заради Лунарната Еклипса во знакот на Лав и да покажете големо трпение при реализација на саканите цели. Бидете отворени за новите трендови и имајте слух за потребите на саканите. Средби и состаноци.
БИК: Сега е време да станете, да ги истресете ногавиците од прашината и да продолжите храбро напред. Се пишува ново поглавје во вашиот живот и она што е минато ќе остане и таму: секое раѓање е почеток на умирањето. Научивте да бидете трпеливи во вистинска смисла на зборот и сега е време за одлуки.
БЛИЗНАЦИ: Ова е ден кога ќе ги вложите своите последни сили во остварување на желбите, вредно работејќи и користејќи ги своите таленти. Нешто се вари под површината и сега е време да истапите и да го споделите вашето знаење и логика во име на виситната. Важни промени во социјалната средина. Совети.
РАК: Денес сте немирни како извор на вода: шармирани сте од некоја импресивна личност, со која што ве поврзуваат многу заеднички работи. Динамични аспекти укажуваат дека треба да внимавате на можен финанскиски колапс или на премногу сензитивно однесување. Внимавајте на улогата на жртва.Повлечете се.
ЛАВ: Во последно време имате чувство како да зборувате на некој суптилен јазик и испраќате пораки кои не се разбрани сосема. Како само вам најблиските да ве разбираат. Време е да ги земете работите во своите раце и да комуницирате повеќе. Нема потреба да седите осамени во четири ѕида, направете прв чекор.
ДЕВИЦА: Времето на изолираност набрзо завршува: научивте солидни лекции кои ќе ви значат и во иднина. Сега е време да истапите и да појдете по саканото. Можеби и не очекувавте дека тоа ќе се оствари токму денес, но тоа е тоа: појдете храбро и не плашете се! Вие имате доволно мудрост да го направите овој чекор. Надеж.
ВАГА: Добро е да се прашате кој е причинителот за вашата загуба? Вие веќе знаете дел од одговорите, сега е време да појдете по нови информации за да просперирате. Не е време за депресија, туку за славење, многу работи се веќе реализирани! Најдете време за прослава, забава и журка во вечерните часови.
СКОРПИЈА: Ова е динамичен ден, како да сте расфрлани на сите четири страни на светот: брзате со она што сте го наумиле и сакате да финиширате како вистински пријател! Внимавајте добро како ќе постапите: треба да имате слух за да ги чуете штурчињата во мракот.Отворете го своето срце и бидете мудри – ова е тоа!
СТРЕЛЕЦ: Можеби ќе треба да појдете на краток пат, но немате сосема јасна претстава што ве очекува таму. Иако пред вас се отворени повеќе шанси, како да не можете да дојдете до вистинското решение – што е променето пријатели? Дали дојдовте до слава преку нечесни напори? Време е да пресечете сега. Ова е крај.
ЈАРЕЦ: Ја напуштате сцената како искусен играч, сокривајќи неколку адути во ракавите. Денес ќе треба да се повлечете на кратко и не мора баш сѐ да споделите со саканите. Негувајте ја својата приватност. До вечер најдете време да излезете на некое ново место или антички театар и прошетате со саканите од минатото.
ВОДОЛИЈА: Како да пеете во црковен хор: се мерите со гласовите кои што се околу вас и барате начин да искомуницирате со диригентот. Сепак за кратко ќе треба да застанете и да се прашате како да ги унапредите работите, за да не дојде до несакани последици. Бидете ведри, доаѓате до помирни води потоа. Успех!
РИБИ: Заминувате од неповолните услови, знаејќи дека сѐуште има шанси. Полошо од ова не може да биде, но планетите укажуваат дека треба да се носите чесно дури и со поразот. Кризата секогаш укажува и на решение, затоа прашајте се чесно како да дојдете до фер солуција за сите. Бидете објективни.Бирајте добро.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ