Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Со транзитот на Месечината во огнениот Стрелец се здобивате се неверојатна сила и мотивација: ова влијание ве возбудува, ја заживува вашата енергија и сега сте спремни да се обидете со нови нешта. Особено на љубовен план пријатели. На професионален план сè уште е весело и се јавуваат нови шанси.
БИК: Прекрасно е што напредувате во интимната сфера, но сепак не избрзувајте со ставањето на розовите очила пред време! Мал е чекорот од ентузијазам до преголем оптимизам, затоа внимавајте да не ја пречекорите линијата. Бидете умешно невини и истражувајте како дете. Уживајте во авантурата на потрага.
БЛИЗНАЦИ: Сосема невино уживате во својата обновена романса, наоѓајќи време за нежност, смирување и баланс по тежок период на дилеми. Денес сте со оптимистично расположение и така ги привлекувате туѓите погледи врз себе. Работата се одвива сосема добро и уживате во поддршката на авторитетите.
РАК: Денес е добро да бидете трпеливи и да се обидете да напредувате бавно кон саканата цел. Можеби нема да сакате да го уживате друштвото на саканите и ќе сакате да се повлечете. Пред вас се поставени два избори, а ќе дојдете до задоволувачки решенија единствено преку мали напори. Не брзајте сега.
ЛАВ: Ова е прекрасен период, полн со светлина и славење, зошто не се потрудите малку пријатели? Сонцето во Јарец ќе бара да се организирате подобро, но Месечината од Стрелец ви вели нешто да сработите, а нешто да оставите и за утре. Емоционалната атмосфера околу вас е исклучително поволна – уживајте!
ДЕВИЦА: Супер е што сакате да оставите свој печат во светот и денес ќе имате енергична поддршка, особено на професионален план. Нема потреба да се сомневате во своите капацитети, бидејќи располагате со богати ресурси кои ќе ги моделирате според сопствената визија со текот на времето. Како да вајате со сопствени раце.
ВАГА: По малку итри, денес сте непостојани: на едни им велите Да, на другите Не, и го менувате мислењето на секои пет минути. Под влијание на празниците, човек не може да фати чекор со вас! Важно е да ја сочувате потребната автономија во љубовните партнерства и да не правите избрзани договори. Бидете тактични.
СКОРПИЈА: Денес работите на својот талент за комуникација: се трудите и зноите барајќи ги вистинските зборови, а на крајот и ќе успеете! Вашите сакани имаат внимание и со задоволство ќе ве сослушаат што сте успеале да научите. Прекрасен ден за запознавање на нови луѓе, како и за напредување на работен план. Иницијатива.
СТРЕЛЕЦ: Ако некој сака да биде со вас, ќе треба да знае колку ја почитувате слободата во интимните врски. Ако не, најдете начин да им го објасните тоа. Доколку саканите реагираат неумерено или покажат љубомора, внимавајте да не правите преголеми реакции. Повлечете се и држете го јазикот зад заби.
ЈАРЕЦ: Зрачите со посебен шарм и елеганција и ги оставате другите без здив. Каде и да одите, луѓето се чувствуваат пријатно во вашето друштво: ги заведувате и освојувате туѓите срца! Ако сте веќе во интимна врска, ќе треба да внимавате и да не претерате со флертувањето. Брилијантни шанси на професионален план!
ВОДОЛИЈА: Денес оставате впечаток како да сте грандиозен пијанист – толку добро се носите со своите квалитети и луѓето го забележуваат вашиот сјај! Вашите заведувачки моќи се на завидно ниво и ништо не може да ја затемни вашата визија. Нема облак на небото кој би го расипал ова весело расположение! Идеи.
РИБИ: Вашата енергија се буди и зрачите со топли чувства кон сите наоколу. Венера во Скорпија ќе ви помогне да се поврзете со луѓе кои имаат влијание и кои би можеле да ви отворат блескави шанси. Користете го својот талент да читате меѓу редови и ќе успеете да ја сочувате својата репутација. Имајте самодоверба.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ