Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес?
ОВЕН: Бескрајно гледате кон хоризонтот за одговори – можни се озборувања, особено на работното место. Ги привршувате отпочнатите работи и сега може да уживате во својот успех, имајќи богата жетва. Вашето разбирање се продлабочува и лесно надминувате сè.
БИК: Убав ден во кој несебично дејствувате и со голема љубезност ја споделувате среќата околу себе. Во неочекуваните ситуации, убавите гестови и топлина ќе ви помогнат да ги пребродите тешкотиите. Велат дека споделувањето е всушност грижење за оној другиот.
БЛИЗНАЦИ: Како џокеј влетувате директно во акција – добрата трка зависи од многу фактори – од стартот, позицијата на јавачот, како и од неговото трпение. Ако ги имате овие услови, нема што да ве сопре, успехот ќе биде ваш. На почеток некој ќе ви помогне. Значителен прогрес.
РАК: Во социјалните рамки ќе треба да правите отстапки, особено во областа на домот. Размислувајте дека сега е добро последното да е приоритет и обратно, првото да дојде последно. Застанете за да здивнете. Продолжете кога ќе можете, а потоа одморете. Поддршка.
ЛАВ: Во вас лежи длабока мудрост и денес ќе имате можност да ја споделите. Вашите афинитети се будат и имате силно чувство кон некоја работа, ангажман или проект. Вашата природна инспирација ви го осветлува патот и уживате во своето друштво. Разумни планови.
ДЕВИЦА: Го напуштате непотребното и ја проширувате својата социјална мрежа. Ова е време кога ќе ги покажете своите таленти, затоа не бидете тажни, нешто завршува, но нешто сосема ново допрва доаѓа. Бидете подготвени. Полни со страст, отпочнете нова врска.
ВАГА: Прочистување и отфрлање на застареното – ова е време на транзиција, кое нуди можности за моќна промена. Сега можете лесно да ги смените своите навики на однесување. Обрнете внимание на исхраната или на потребите во домот. Завртете нов лист.
СКОРПИЈА: Некоја блиска личност ќе побара некаква услуга од вас, но ќе биде добро да не избрзувате и да почекате поповолни услови. Ова е демонстрација на нешто што ви е потребно да го чуете веќе некое време. Обидете се да го искористите овој момент и издржете.
СТРЕЛЕЦ: Сега е момент кога си доаѓате на себе, ретко чувство дека се приближувате дома. Покрај видливата, постои и сосема друга димензија, која ќе ви помогне во вистинското време. Од вас се бара само трпение. Бидете радосни знаејќи дека вашето време доаѓа набргу.
ЈАРЕЦ: Месечината во вашиот знак ги нагласува вашите квалитети и сега сте како дијамант пред брусење. Можеби уште има груби страни и ситни несовршености, но сега е време да блеснете. Прекрасен период во кој се поврзувате подлабоко со својата сензитивност.
ВОДОЛИЈА: Не очекувајте премногу денес, туку бидете поскромни. Обидете се да не гледате кон минатото, бидејќи ќе ја запоставите сегашноста. Гледањето на работите од друга перспектива може да го засили вашето разбирање за работите. Така и другите ве прифаќаат.
РИБИ: Со благородна цел, истапувате и решително се наметнувате, укажувајќи на своите стандарди и потреби. Сега сте во првите редови на својата мисија. Разгледајте ги новоформираните партнерства, бидејќи претстои огромна работа од двете страни. Посветеност.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ