Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Зад вас е искуство со кое може да ги поучувате помладите. Ова се луѓе со кои имате заеднички афинитети, затоа соработката ќе биде успешна. Во текот на денот очекувајте информации кои ќе ви укажат на што е потребно да се адаптирате. Не брзајте со правење на заклучоци, бидете силни и истрајте.
БИК: Вие кажувате едно, останатите кажуваат друго, се чини како да не можете никако да дојдете до решение. Прашајте се дали доволно добро ги разбирате работите? Треба да сте свесни за хиерархијата и да го понудите своето искуство во име на некоја служба. Немојте да сте наивни и не брзајте. Постепен развој.
БЛИЗНАЦИ: Инвестирате во своите грандиозни шеми и планови и така зајакнува и вашиот карактер. Нема потреба да сте под притисок, ова одамна го сакате, опуштете се малку. Набрзо ќе чуете важни информации, кои ќе бараат адаптација, затоа не брзајте! Можеби ова не е најдобро време да се претставите во светот. Совети.
РАК: Месечината во Девица ви носи нови информации, кои ќе бараат понатамошно истражување. Сега е добро да ги познавате своите граници и да не парадирате многу – разберете добро што е она што е можно и во ваш домен, наспроти она што не можете да го достигнете. Како мелодија – некоја ви се допаѓа, некоја не.
ЛАВ: Средба со некој од минатото, многу веројатно од романтична природа, која ќе ви евоцира убави спомени. Користете ја својата интуиција во моментите на носење на брзи и важни одлуки – сега нема да погрешите! Соберете тим и играјте според правилата, бодрејќи ги и своите колеги. Изразете се јавно.
ДЕВИЦА: Кротете ја својата немирна енергија и обидете се да не наседнете на некоја емоционална реакција. Бидете девствено чедни и појдете по она што го сакате – ќе успеете да ги реализирате своите амбиции и ќе дојдете до саканата љубов. Месечината во вашиот знак ќе ви дари изобилство,кое е добро да го споделите.
ВАГА: Упорно се потпирате на сите свои внатрешни ресурси и барате инспирација, со која што ќе ги растерате дилемите и конфузијата. Бидете објективни и користете ја сета своја ментална енергија да смислите начин како да продолжите. Набрзо ве очекуваат помирни води, затоа постапете правилно. Откријте што е реално.
СКОРПИЈА: Среќата ви се насмевнува и уживате во овие убави изненадувања. Нешто позитивно треба да се случи, нешто што одамна го очекувате – некоја промоција, подарок или признанија. Сфаќате низ што сè требаше да минете за да дојдете до оваа позиција, затоа бидете среќни и уживајте грациозно во тимската работа.
СТРЕЛЕЦ: Осаменото утро брзо ќе се смени, штом наидете на познати луѓе со кои што делите исти интереси. Вашите врски се одамна и претрпеле секакви времиња, така што знаете дека ќе можете повторно да се потпрете на нив. Тие ќе покажат слух и разбирање за вашите потреби и ќе ви понудат заедничка инвестиција.
ЈАРЕЦ: Сè повеќе ги разбирате работите и денес ќе знаете како да напредувате кон својата цел. Некаде оддалеку постои некој кој ве поддржува во вашите настојувања, затоа истрајте и продолжете напред. Штом ќе ја постигнете потребната стабилност, ќе успеете да се опуштите уживајќи во комфор.
ВОДОЛИЈА: Не дозволувајте работите да ескалираат, нема потреба толку цврсто да се држите за своите ставови. Бидете разумни, не сте дете! Ќе го смените текот на настаните ако сте искрени и се соочите со фактите. Најдете сила да ја разрешите ситуацијата и фокусирајте се на конкретни резултати. Консолидирајте се сега.
РИБИ: Доколку се најдете себе си во непријатна средина и околина, сфатете дека вие ги држите клучевите за сопствената среќа – може да останете, а може и да си заминете. Не можете да трпите нечие попување. Ако сакате совет, еве еден пријатели: користете го своето чувство за хумор за да омекне грубата реалност.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ