Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Со транзитот на Месечината во вашиот знак, ќе ви биде потребна поголема емоционална поддршка, повеќе од обично. Константно ќе правите обиди да се зближите со саканите, семејството и пријателите. Дајте им внимание и направете ги среќни, но имајте разбирање и за себе.
БИК: Убави случки во емоционалната сфера – бидете спремни на неочекувани промени, кои кријат романса и задоволства! Тоа може да ви одземе внимание, затоа на професионален план внимавајте и проверете ги потребните детали неколку пати. Имате динамична енергија, но најдете време за одмор.
БЛИЗНАЦИ: Периодот на несигурност завршува и сега може да истапите храбро, верувајќи во својата среќна ѕвезда. Ќе успеете да ја вратите својата сила, но не ги форсирајте своите партнери – приватни или професионални – туку оставете им простор на останатите да ве следат сами.
РАК: Можеби срцето ви крвави, пријатели, сега ви е тешко да се насмеете. Повеќе аспекти укажуваат дека треба да ја напуштите ситуацијата која повеќе не ви носи задоволство. Романсите завршуваат, пријателите заминуваат и сè се менува – верувајте во подобра иднина и вратете си ја насмевката.
ЛАВ: На професионален план се зголемува вашиот капацитет да ги сфатите работите, а со тоа расте и вашиот авторитет кај пријателите. Сега е добро да ја искористите својата волја и искреност да ги решите проблемите во непосредната околина и да ги усогласите односите со луѓето со кои што живеете.
ДЕВИЦА: Внимавајте да не избрзате во некоја врска денес – запознајте ги подобро луѓето кои што ги среќавате и не губете глава. Обидете се да се фокусирате на работните должности и ако треба, повлечете се во осаменост за да ги истражувате тајните на универзумот. Законот за причина и последица.
ВАГА: Не си поставувајте високи стандарди на емоционален план – Месечината во Овен не е поволна за тоа. Имате тенденција да ги идеализирате луѓето, а потоа се разочарувате. Сфатете дека никој не е совршен, иако треба да се стреми кон совршеното. Добро е да се има идеали, но бидете разумни.
СКОРПИЈА: Ах, пријатели, па вашите врски доаѓаат до една нова фаза и тоа ви дава голема самодоверба да продолжите во иднината со сигурност! Совршено ги контролирате емоциите и имате голема доверба во своите љубени, така што добро се покажувате и на работен план.
СТРЕЛЕЦ: Не двоумете се, не им дозволувајте на крутите ставови и дилеми да ви ги расипат односите со саканите! Вашето расположение ќе се префрли и на професионален план, па може да доживеете своевидна критика од колегите и пријателите. Контролирајте го темпераментот.
ЈАРЕЦ: На емотивен план ви е потребна сигурност, работите не ви се сосема јасни. Постои конфликт на интереси и потребно е смирување, до кое ќе биде тешко да се дојде. На професионален план ве вознемируваат дилеми и тешкотии, кои речиси ве парализираат. Обидете се да си го вратите ентузијазмот.
ВОДОЛИЈА: Иако сè се чини несигурно, сепак ќе ги направите и последните обиди да постигнете долготрајна стабилност во афективниот сектор. Барате компромиси, имате добра волја и рецептивност кон оние што ви значат. Барате баланс во сè и ќе наидете на луѓе, од кои ќе добиете добар совет.
РИБИ: Месечината ве става во романтично расположение, кое сигурно ќе ви удри во глава! Сега сте исполнети со страст и сега сакате, љубите и обожавате ентузијастично имајќи каде да ги канализирате своите емоции. Сепак, не изјавувајте им љубов на сите, ќе се појават и ризични ситуации.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ