Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Добро е да ја вежбате вештината да препознавате што е добро за вас, а што не – што можете да добиете и што може да изгубите. Сега е добро да купувате време и додека чекате, размислете за највредните работи што ги имате – сетете се на нив. Почекајте подобро време.
БИК: Месечината во Лав го врти вашето внимание кон домот, вашата тврдина и скришно место, од каде што ги црпите најинтимните мисли. Внимавајте да не претерате во угодувањето кон најблиските и привршувајте ги работите отпочнати вчера. Сменете го мислењето.
БЛИЗНАЦИ: Соработувате со останатите, чекор по чекор кон некоја заедничка цел и ги привршувате работите во својот рок. Не бидете нервозни, туку засукајте ги ракавите и следете ги другите. Не дозволувајте работите да станат конфузни и не бегајте од должностите. Анализирајте.
РАК: Прекрасни моменти, со шокирачка нежност – потребен ви е простор каде ќе мекнеете. Можеби ќе треба да се откажете од нешто, но добро разгледајте ја ситуацијата. Нема црно – бели решенија. Соберете луѓе за некој заеднички проект. Правете пријателства.
ЛАВ: Деликатноста на навигацијата во социјалните води – останете блиску до брегот и не отпочнувајте ништо. Препуштете му се на текот – ве водат виши сили кои не можете да ги сопрете. Сè е можно, секакви случки, кои ќе доведат до радикална промена. Здобијте се со потребното внимание.
ДЕВИЦА: Предизвици и храбри проекти, кои го вадат најдоброто од партиципиентите. Следете ја сопствената волја во ова и покажете храбар став, но внимавајте да не го пренесете истото во афективниот сектор. Прекрасен ден за проширување на бизнисот и инвестициите. Издржете.
ВАГА: Она што го баравте, тоа и го добивте – иако ова не е ваша ситуација, сепак треба да поставите стандарди, за тоа кој како може да се однесува понатаму. Секако, тие треба да се употребливи и за во иднина. Сè што се случува е од исклучителна важност и можни се авантури.
СКОРПИЈА: Сега работите може да пукнат – да прогласите банкрот, иако земјата дава. Време е да проверите на колку солидна основа стоите – потребно е да бидете иновативни, силни и подготвени на професионалното поле. Ќе уживате во присуство на младите и децата.
СТРЕЛЕЦ: Доколку одлучите да ја напуштите битката, направете го тоа со дигнитет. Сега не е време за брза победа, туку за грациозно попуштање. Изгубете ја битката, но добијте ја војната – вие сте вешт стратег и не пукате на празно. Повлечете се и обмислете ги своите следни потези.
ЈАРЕЦ: Денес не е добро да се криете, направете поента со јасна гестикулација – нема потреба од мимика. Внимавајте да не претерате и бидете разумни, па ќе ги избегнете потенцијалните предизвици. Разберете дека работите не се стагнантни, туку еволуираат. Бидете искрени.
ВОДОЛИЈА: Предизвик да ја понудите својата помош онаму каде што е потребна – некому е потребна вашата нега и поддршка, но најдете ја вистинската мера за да помогнете, а при тоа да не се истрошите себе си премногу. Не ја потценувајте својата независност. Без оговарања.
РИБИ: Ги привршувате работите брзајќи да продолжите со своите планови викендот. Побрзајте и бидете лесни како пердува, во секоја ситуација и со секој што ќе се сретнете. Ако треба променете нешто, не се инатете и сигурно ќе допливате до своите води. Без изливи на емоции.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ