Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Вашата сегашна ситуација е комплексна – се обидувате да дејствувајте, но вашите напори треба да се свртени кон надвор, а не да се повлекувате, како во некоја јога позиција. Ја знаете вистината, но се плашите да се соочите со неа и јасно да ја анализирате состојбата.

БИК: Вниманието се пренесува на домашна линија и сега ги мобилизирате блиските да се спремат за подвигот, пред самиот почеток. Можеби ќе ви треба само уште малку време, затоа бидете постојани и трпеливи. Размислете добро што сè ви е потребно пред да преземете нешто.

БЛИЗНАЦИ: Не си дозволувајте да го изгубите својот сон, но повремено проверете дали тоа е само мечта. Секако тоа е вашата мотивација и природен двигател кон сè што правите, но следете го сонот без да се изгубите. Нека биде реалистичен. Контактирајте со пријателите за информации.

РАК: Не расправајте се со луѓето на долги патеки бидејќи сигурно ќе изгубите – Месечината се гаси и сега не може да се постигне ништо што би било од големо значење. Подобро ќе биде да замислите како да се извадите од ситуацијата, отколку да заглавите подлабоко во неа.

ЛАВ: Не инсистирајте да бидете центар на внимание бидејќи денес не е добар ден за тоа. Месечината во вашиот знак ви дава прст, но не и цела рака, така што почекајте до следната шанса. Знајте дека во сè може да се најде пропуст, но не бидете крути – мудрост е да се биде умерен.

ДЕВИЦА: Ја воочувате сопствената ситуација, доаѓајќи до заклучок на едно животно поглавје од околу седум години. Можеби некој ќе смета дека не зреете и не се менувате, но во тоа не сте сами – никој тука не е ниту повисок, ниту понизок од другите – секој има своја задача и своја улога.

ВАГА: Пред вас се отвора нов свет, во кој што ги прегрнувате сите. На материјален план работите се одвиваат поволно – финансиската ситуација е стабилна, вие сте мудар сопственик и вашиот бизнис се шири. Вашите проекти се солидни во реалноста и не се губите во мечти.

СКОРПИЈА: Не, па не мора сè да изнесете сè на провев? Иако постојат работи кои што треба да се прочешлаат и избрише прашината од нив, внимавајте да не се изгубите во целата таа работа. Доколку се занимавате со нечија валкана долна облека, внимавајте што ќе остане во вашите раце.

СТРЕЛЕЦ: Се појавува потреба да подучувате некој и да ги објаснувате работите во нивно име, можеби на некој од семејството или нечии деца. Талент е да им ги приближите работите и им дадете подлабоко значење во име на останатите. Така се доаѓа до внатрешно богатство.

ЈАРЕЦ: Пред вас се нови можности и добро ќе биде да сте трпеливи додека чекате. Размислувајте низ призмата на музиката и пратете ги работите како мелодија – од тишината ќе се појави прекрасна хармонија. Не брзајте никаде, туку дајте им време на своите планови.

ВОДОЛИЈА: Кога влијанијата ќе притиснат, луѓето обично се разделуваат. Еден рекол едно, друг кажал друго, но што ќе направите ако бркате молци на сите страни? Внимавајте на своето поведение во јавноста и не дошепнувајте на страна. Така сите ќе знаат кој ја мати водата.

РИБИ: Денес ја покажувате својата богата личност – вие сте повеќе од една слика, една димензија. Во вашата личност постојат убави црти, кои ќе им се најдат на другите во служба. Ве врзуваат слични афинитети, затоа здружете ги силите – вашата визија ќе биде јасна.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]