Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Сега е добро да бидете брзи и подвижни, како верверица која скока на гранките, а Меркур ќе ви помогне да ги направите вистинските контакти, но и да се спасите доколку дојде до незгода. Внимавајте да не се најдете во тесно и движете се повеќе. Приспособување.

БИК: Заедничките интереси и афинитети ги привлекуваат луѓето во заедница – денес ќе дојдете до добра, преку соработка со останатите. Како некоја голема армија што се собира околу логорскиот оган, така и вие доаѓате до потребните конекции и успевате. Бидете задоволни.

БЛИЗНАЦИ: Месечината набрзо ќе замине од вашиот знак, а тоа означува промени, како и пронаоѓање на својот пат кон дома. Сега сте блиску до последните подготовки, но внимавајте на можна одмазда или некоја траума, која ќе ве натера да преземете нешто радикално.

РАК: Ако си дозволите да останете во некој мачен момент, знајте дека вие ќе бидете одговорни за исходот, а кој секогаш е негативен. Оставете им на работите да се одвиваат спонтано и по свое темпо и така ќе успеете. Ова е важен период во вашиот живот, затоа бидете будни.

ЛАВ: Како да пукате напразно – знајте дека ви е потребна камуфлажа т.е. умешност да се стопите со околината додека чекате. Во контактите со истомислениците имајте трпение – вложениот напор ќе ви се исплати. Конечно гледате напредната фаза на своите проекти.

ДЕВИЦА: Сакате да напредувате, но работите се одолговлекуваат и нивниот крај е неизвесен. Сепак, кон крајот на денот ќе успеете да ги поврзете сите точки во поголема целина и ќе успеете преку соработката со останатите. Иако малку немирни, сепак ќе бидете среќни.

ВАГА: Целосно сте посветени во барање на инспирација, на некаков знак однадвор кој ќе ви го осветли патот. Доколку немате мотивација, нема ништо да направите. Како ќе следите нешто, ако немате цел? Можеби сега не е време за одговори, туку за прашања. Соработувајте.

СКОРПИЈА: Како да сте застанати на едно место подолго време и не може да мрднете подалеку оттаму. Додека паузирате, разгледајте ја околината и земјата наоколу, смислувајќи го следниот чекор. Можни одолговлекувања и предизвици од типот на безидејност. Почекајте.

СТРЕЛЕЦ: И вам ви треба ориентација – Месечината во спротивниот знак ги оддолжува работите, но кон крајот на денот ќе успеете да се повлечете и регенерирате својата сила. Избирајте добро според афинитетите и изразете се – успехот им доаѓа на оние кои што имаат што да кажат.

ЈАРЕЦ: Ниту вие сте сосема свои – исчекувате будно за некоја шанса, но таа никако да се појави. Користете го својот капацитет за слушање, бидете отворени за нови идеи, спротивставете им се на останатите ако треба и отворете си пат кон успехот. Ќе бидете изненадени!

ВОДОЛИЈА: И пак истата приказна – пораките се враќаат и вртат во круг. Тамам мислите сте завршиле, кога повторно сте повлечени внатре. Обидете се да го одржите нивото на позитивна енергија и бидете полични. Откако ќе се отворите емоционално, ќе дојдете до убави реализации.

РИБИ: Сега е добро да останете во заднина – конструктивната креативност се одвива сосема добро и зад сцена. Сега не е време да ја барате водечката улога, како на театарска сцена, туку довршете ја постоечката работа. Тоа ќе биде одлично. Како да одржувате голем јавен парк.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]