Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Полната Месечина во вашиот знак ја зголемува спонтаноста и сега сте брзи, директни – ништо не ве спречува. Сепак, внимавајте, бидејќи ќе е тешко да ги видите последиците од своите или туѓите зборови и дела. Внимавајте на пренагласениот суд. Не се инволвирајте.
БИК: Имате заеднички цели и афинитети кон одредени групи на друштва. Можни придобивки доколку сте член не некое од овие. Вашите интимни врски напредуваат и се темелат на лојалност и длабоко разбирање. Промени по кои е добро да си дозволите одмор.
БЛИЗНАЦИ: Ситуацијата во која сте е најверојатно мошне непријатна и се соочувате со тешкотии. Можеби некој ве попречува во постигнувањето на саканото и добро е да размислите за ова. Можеби самите не си дозволувате да напредувате и сте си најголем непријател.
РАК: Ако мислите дека ќе постигнете заслуги само со свои сили, тешко се лажете. Напротив, ситуацијата ќе се влошува, затоа е потребно да покажете понизност и така да се здобиете повторно со внимание. Вашите блиски се со вас, дури и кога претпоставените ве напуштаат.
ЛАВ: Вашите идеали изобилно се кристализираат пред вас и ја покажувате својата мултидимензионална личност. Постои црта во вашата личност која ви овозможува да се усогласите со другите, дури и кога немате заеднички афинитети. Можни одложувања.
ДЕВИЦА: Вашата цел е да бидете некаде, на некое поубаво место, но не знаете како да стигнете таму. Креирањето на функционална порта е конструктивна вежба, а тоа вклучува и чувство за граници и чување на вашата интимна градина од неповикани гости. Откритија.
ВАГА: Ова е динамично време и ја чувствувате силно таа итност, некој чуден порив да иницирате нешто по што ќе останете запаметени. Поврзувањето со другите на подлабоко ниво ќе е од огромна важност. Сепак, можни се и разидувања, но сфатете го тоа филозофски.
СКОРПИЈА: Можеби не можете да се вклопите, но барем потрудете се да не стрчите толку во јавноста и да правите непримерени забелешки. Најдете време за себе, за своето хоби, аранжирајте дома и грижете се добро за здравјето. Ако имате градина, минете време во неа.
СТРЕЛЕЦ: Свесни за хиерархијата, се здобивате со проект кој ќе служи како мудро и искусно решение. Размислете и пробајте да видите дали вашите идеи се наивни или истоштена перспектива од социјалната неправда. Успевате да балансирате со спротивставените мислења.
ЈАРЕЦ: Можен колапс – ќе бидете спречени во она што се обидувате да го направите. Се случи нешто што е од голема важност и се трудите да стигнете до саканото по секоја цена. Внимавајте на таа опсесија бидејќи веќе е евидентно дека сте невротични и провоцирате со сила.
ВОДОЛИЈА: Осигурајте се и продолжете со самодоверба, без потреба да погледнете назад. Можеби пак не сте сигурни во себе и сте опседнати со лажни обвинувања. Не бидете разочарани, сфатете ги своите најважни потреби и спремете се да ги срушите старите мостови.
РИБИ: Пред вас се нови друштвени контакти, во кои вашата личност се дообликува и се спремате за подобро користење на своите потенцијали. Идеален тајминг за започнување на нова кариера, како и за романса и интимни прошетки. Покажете ги својата умешност и таленти.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ