Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Се соочувате со своевидна мистерија, без оглед дали тоа е ваша проекција или претпоставка – што и да откриете, може да ве заплаши или да ви направи проблеми, особено на работното место. Добро ќе биде да му се препуштите на непознатото, дури и да е болно или тешко.

БИК: Транзитот на Месечината во вашиот знак носи изобилство и е знак за добра среќа. До вас доаѓаат награди на фин, деликатен и на често спиритуален начин. Се чувствувате добро и витално, како физички, така и емоционално. Обрнете си внимание и на она што ве опкружува.

БЛИЗНАЦИ: Доаѓате до промени – иако сте ревносни, сепак вашиот ум не е фокусиран. Не може сè да завршите. Знаете дека проектите се менуваат и од една фаза преоѓаат во друга, та она што е денес, веќе нема да е утре. Запишете што му треба на вашиот проект.

РАК: Месечината која што се гаси укажува на тоа дека не сте целосно спремни да полетате. Можеби сте силно мотивирани, но мудроста лежи во тоа да знаете кога е вистинското време. Некогаш е добро да се почека. Вашиот карактер е во прашање, но сепак спремајте се.

ЛАВ: Викендов се чувствувате прифатено во сите друштвени средини – нема хиерархија онаму каде што одите, сите си се рамни на себе. Во тоа лежи силата на друштвото или блиските, место каде се чувствувате прифатено, сакано и сфатено. Пријателски средби.

ДЕВИЦА: Нови шанси, бидејќи сте доволно трпеливи да слушате кога е вистински момент за дејствување – сега доаѓате до вистинските информации и луѓе. Не правете избрзани одлуки, туку дозволете им на работите да се појават бавно. Тоа е темпото засега, бавно!

ВАГА: Денес дејствувате како трансмитер – учите преку посматарње, а поучувате практично. Можеби не се чувствувате во полна сила и имате проблем во бизнис-секторот т.е. поддршката од вашите партнери, а сето ова го забавува проширувањето. Внимателно анализирајте.

СКОРПИЈА: Работите ескалираат, како некоја бура во кањон, кога природната сила не може да сопре. Во позитивна смисла, ќе бидете целосно свесни и будни, но внимавајте на истоштеноста и емоционалниот стрес. Побарајте помош од саканите. Направете отстапки.

СТРЕЛЕЦ: Ослободување и неочекувани случки, моменти од типот на – Еурека! – но внимавајте бидејќи вашата занесеност може да им влијае на другите на не толку пријатен начин. Внимавајте дали ќе им пренесете ентузијазам или само возбуда. Правење на избори.

ЈАРЕЦ: Ова е време кога го наоѓате вистинскиот баланс и доаѓате до порака која ќе има долготрајни ефекти. Можеби чекорите несигурно, таинствено или како илузија, го менувате мислењето често, но сепак влечете вистински потези, како шахист со добра стратегија. Средби со странци.

ВОДОЛИЈА: Обидете се да ги проширите своите хоризонти – предизвикот е да знаете каде е границата. Земете го она што го разбирате, а останатото оставете го за понатаму, кога ќе бидете позрели. Направете отпор во користењето на рационалност и логика. Имајте фантазија.

РИБИ: Внимавајте да не претерате со правењето на поента – сè си има свое место и време и сега не е вистинскиот тајминг за тоа. Можеби ќе ве доживеат како кловн, затоа не ризикувајте, не правете гримаси. Верувајте ѝ на интуицијата, како и на своето искуство. Исполнетост.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]