Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Викендов ќе е најдобро да си посветите време и грижа околу здравјето и да најдете време за соодветен одмор. Имајте предвид да ги разгледате своите партнерства бидејќи би можеле да бидете повредени. Сепак, со својот интегритет ќе победите сè.

БИК: Со Месечината во својот знак сте нешто побавни и ви е тешко да почнете што било, но откако ќе тргнете по својата цел, нема запирање! Внимавајте на личните врски, попуштете иако ви е тешко и нашалете се ако треба, па што и да се случи. Нови шанси.

БЛИЗНАЦИ: Сегашните ограничувања ќе ви бидат големи учители, бидејќи само во најтешките ситуации можеме да го најдеме светлото во себе си. Потребно е прочистување за зајакнување на карактерот. Најдете баланс во она што сте и сакате да створите. Креативност.

РАК: Ги поврзувате сите линии во една поголема целина, но внимавајте вашата сила да не биде искористена против вас. Како што размислувате,така и креирате, така што овој неуспех ќе биде во пропорција со вашата свесност – мал или крупен. Нов циклус.

ЛАВ: Сега сте свесни за сите сокриени работи, кои и онака сами се откриваат пред вас. Треба да учествувате без оглед дали овие влијанија се позитивни или не. Некакво партнерство е многу веројатно, но не откривајте сè што имате, сочувајте нешто и за себе. Резон.

ДЕВИЦА: Интересни идеали, кои можат да ви донесат добивка. Сега е добро да заборавите на она што минало, бидејќи нови работи допрва се претставуваат. Отворете се радосно и откажете се од непотребното, за да може нешто сосема ново да дојде. Шанси.

ВАГА: Возбудлива промена и штимање на повисока нота – останатите ве забележуваат и вашата добра смисла за хумор. Сега е најдобро да ја издигнете ситуацијата, додека сè уште имате моќ и влијание за тоа. Ова не е време на завршетоци, туку на нови почетоци.

СКОРПИЈА: Сега е добро да си ги држите картите блиску до себе – добриот играч знае кога да напредува, а кога да се повлече. Иако делувате ладно и дистанцирано, сепак не ви недостига емпатија. Верувајте му на сензитивниот, но трезвен поглед, во било која работа.

СТРЕЛЕЦ: Не ги дувајте работите надвор од пропорција, туку направете поента со добра проценка и манири. Сега е добро да сопрете малку и да се запрашате што ви е потребно за вистинско напредување. Имате ретка можност да видите каде лежи вистинскиот предизвик.

ЈАРЕЦ: Добро е да погледнете со нова перспектива во работите што веќе ги знаете. Студентот желно го гледа светот како место каде што може да научи грст нови работи и има природен талент да ги раскаже старите на сосема нов начин. Свеж здив – тоа ви треба. Дишете.

ВОДОЛИЈА: Организирајте се, застанете во линија и здружете се со останатите во авантура или потрага по некоја заедничка цел. Сега е ефикасно да работите со сличните на себе си. Можеби ќе увидите детали кои до сега му бегале на вашето око. Внимавајте на здравјето.

РИБИ: Следете ги своите стремежи, но правете го тоа со стил. Поклонете се на врвот што го гледате, а кој е само дел од една повисока планина и поширок свет. Облекувањето на улогата е пола добиена битка и со малку вкус и жар, работите ќе завршат сосема добро. Среќа.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]