(Фото) Трудната Меган: Белиот фустан распродаден за пет минути


Австралија– Белиот фустан на војвотката од Сасекс што го носи на турнејата низ Австралија е распродаден за пет минути, потврди дизајнерката Карен Гри од Австралија.

Меган Маркл позираше со едноставниот фустан и пред Операта во Сиднеј, а го искомбинира со крем салонки од брушена кожа на Стјуарт Вајцман и златна алка што и припаѓаше на принцезата Дијана, подарок од сопругот, принцот Хари.

Меган е бремена три месеца и стомачето само благо се назира. Бебето се очекува напролет, идната година.