Невеста како ѕвезда: Антонија Ристовска со нова колекција „Деница“
Дизајнерката Антонија Ристовска со својата најнова колекција венчаници „Деница 2019“ носи креативна свежина и спој помеѓу модерниот и безвременскиот стил. Нежната женска силуета повторно е суптилна , нежна и заводлива во меките и раскошни материјали,свили и чипки . Дизајнерката ги поместува границите во модното изразување, неосетно задржувајќи ја естетиката од претходните колекции.
Инспирацијата за новата колекција е младата девојка која ја игра својата улога на главна ѕвезда , ѕвезда во филмот во кој го слави својот нов почеток, својот нов живот. Креациите ја отсликуваат нејзината среќа и сјај , во исто време нежна и цврста, со свој став и слободен дух.
Новините во дизајнот се деликатните чипки кои изобилуваат со многу нежен светлуцав вез во својата основа , збогатен со кристали и бисери, пердуви и 3 -Д апликации. Новите едноставни кроеви со нагласен струк со пенасти, пердувести и сјајни ефекти само ја покажуваат тенденцијата на брендот Антонија Ристовска да го задржи акцентот на безвремената женска убавина.
Фотосесијата со манекенките Марија и и Душица Андоновски е снимана во Охрид. (Л.С.)
Фото: Ани и Дими