(Фото) Меланија со „Гучи“ ја засени првата дама на Полска


САД- Првата дама на САД Меланија Трамп (48) ја започна серијата на есенски стајлинзи успешно. За пречекот на првата двојка од Полска во Белата куќа, се одлучи за чиста елеганција по која е препознатлива.

И додека Трамп носеше клучно парче-капут на брендот „Гучи“ и црни салонки, првата дама на Полска Агата Дуда (46) се обиде да и парира со црни пантолони, со црн топ и бело сако стегнато со ремен и црни салонки, ама изборот на Меланија беше повпечатлив и сигурно поскап. Чини 4 илјади долари.