(Фото) Лила се пофали од Дубаи: Работам и уживам


Кога не води квизови или гала настани, ТВ водителката Лила Филиповска сака да патува. Најновото егзотично патување на кое ги спои и професионалното и задоволството е во Дубаи, од каде споеделува фотографии на социјалните мрежи. Ја следат 106 илјади луѓе на социјалната мрежа Инстаграм.

Лила на сафари, Лила на базен, Лила пред најлуксузниот хотел на светот „Бурч Калифа“, Лила во хотелот во кој се снимаше филмот „Сексот и градот“…

Филиповска над 20 години е убавото ТВ-лице кое го гледаме на екраните и со својата сериозност и професионалност е институција во водителската професија.

Со својот стил, изглед и приватен живот е во фокусот на вниманието на социјалните мрежи. Веќе седма сезона во македонските домови со квизот „Сѐ или нешто“ носи среќа, забава и пари.