Финансиската полиција влезе на Клиниката за хематологија


Финансиска полиција влегла на Клиниките за хематологија и ревматологија и во Агенцијата за лекови(МАЛМЕД), објави НОВА.

Цел на инспекторите  била последната набавка на лекот Мабтера, кој наместо директно од производителот, наводно бил донесен преку паралелен увоз.

“Добивме пријава дека лекот е од паралелен увоз и ќе се утврдува дали станува збор за оригинален лек.  Влеговме и на клиниките и во веледрогеријата добавувач за да утврдиме дали  имаат сертификат за квалитет и сите други лиценци. Но, ова ќе потрае, сега сме на половина пат“, потврдија за НОВА од Финансиската полиција.

Мабтера важи за исклучително скап лек (една ампула чини 68 000 денари).

„Станува збор за серија на лек кој не е наменет за Македонија туку за Турција. Добавувачот го набавил од Турција по поевтина цена и преку паралелен увоз го внесол во државата. На ваков начин, не само што е прекршен Законот за лекови, туку производителот не гарантира за квалитетот на лекот “, велат фармaцевтски извори за порталот.