Фатос Лумани избран за директор на Албанскиот државен ансамбл за народни песни и ора
Фатос Лумани е избран за директор на Албанскиот државен ансамбл за народни песни и ора, што денеска и официјално почна со работа, информираат од Министерството за култура.
-Оваа институција ќе биде значаен чекор за албанската култура, со зачувување на вистинските вредности и традиции на Албанците, изјави Валмир Азири, државен секретар во Министерството за култура.
Според него, министерството ќе обезбеди безусловна и безрезервна поддршка за покревање и развивање на оваа институција.
Фатос Лумани досега работеше како шеф на студиската програма „Музичка уметност“ на Факултетот за уметности на ДУТ.