Украл фотографија од Фејсбук профил на полицаец и се заканувал по луѓе


Во полициската станица „Бит Пазар“ полициски службеник од Скопје пријавил дека е злоупотребена негова фотографија преземена од социјалната мрежа Фејсбук.

„Непознато лице ја презело неговата слика од социјална мрежа, на која бил во полициска униформа, и на истата социјална мрежа во негово име и со негова слика им се заканувал и им барал пари на други лица“, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.