УЕФА потврди: Нема ВАР во Лигата на шампионите


Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин уште еднаш ја отфрли можноста видео-повторувањата да бидат воведени во Лигата на шампионите и Лигата на Европа за следната сезона.
Тој објасни дека на најсилниот турнир во светот сè мора да биде темелно тестирано за да се имплементира, а со ВАР, тоа не е случај.
– Луѓето не разбираат некои работи, бидејќи тие не им се објаснуваат доволно добро. Лигата на Шампионите е најголемиот турнир и во него не може да се спроведуваат експерименти. Таму сите правила треба да бидат јасни и прецизни. Не мислам дека и светското првенство е тест турнир, бидејќи може да се појават контроверзни ситуации, изјави тој за германски „Kикер“.
Тој, сепак, потврди дека видео-повторувањата се иднината на фудбалот и УЕФА ќе ги користи еден ден.