Топ-модели на кралска свадба: Наоми, Кејт, Кара, Попи…


Англија– Актери, пејачи и манекени: Ели Гулдинг, Наоми Кембел, Кејт Мос, Кара и Попи Делевињ, Роби Вилијамс, Деми Мур, Лив Тајлер, Џејмс Блант, Холи Валанс, Пикси Гелдоф,… беа меѓу славните гости на свадбата на принцезата Евгенија и Џек Брусбенк, во петокот, втора по ред годинава во британското кралско семејство, по онаа на принцот Хари и Меган Маркл. И Хари и Меган имаа славни гости, ама не и топ-модели. Која е врската?

Кејт Мос која дојде во Виндзор со ќерка си Лили е долгогодишна пријателка на мајката на Евгенија, Сара Фергусон. Евгенија пак со Наоми Кембел ја врзуваат бројни хуманитарни настани, а пак со Кара Делевињ се среќаваат на разни забави и гала настани.