Тина Тарнер прозборе за здравјето: Ќе умрев ако маж ми не донираше бубрег


Швајцарија- Поп-легендата Тина Тарнер сподели емоционални откритија за нејзиниот живот. Таа призна дека претрпела трансплантација на бубрег. Донатор бил нејзиниот помлад сопруг.

Ова е она што пејачката вели во својата биографска книга “Мојата љубовна приказна”.

Тарнер минатата година беше подложена на бубрежна трансплантација. На 78-годишната ѕвезда итно ѝ беше потребна интервенцијата, бидејќи нејзиното здравје драстично се влоши во 2016 година, а нејзините бубрези работеле само 20%.

Тогаш нејзиниот сопруг Ервин Бах ѝ дал шанса да живее. Тој е 16 години помлад од неа. Тие се венчаа во 2013 година.

Поп-ѕвездата која ретко настапува, вели дека сѐ уште не може да поверува што направил нејзиниот сопруг за неа. Тарнер признава дека се чувствува подобро после операцијата, но не може да зборува за целосно исцелување.

Таа е среќна што е жива и кажува дека по интервенцијата се чувствувала среќна, столчена, но и ослободена дека и двајцата поминале низ ова судење и преживеале.

Во својата биографија, Тарнер ги поттикнува луѓето да дадат согласност да донираат органи за да спасат нечиј живот.

Тина Тарнер  живее во Швајцарија со сопругот Ервин Бах, со кого се омажи по 27 години поминати заедно.