Телевизиска компанија бара Аргентина да биде исфрлена од Мундијалот


Компанијата „Комтек“, која ги откупи правата за пренос на подоцна откажаниот пријателски натпревар меѓу Аргентина и Израел, упати жалба до ФИФА заради како што наведуваат „верска дискриминација“ и бараат аргентинската репрезентација да биде исклучена од Светското првенство во Русија.

Како што објави шпанскиот весник „Марка“ за натпреварот биле продадени над 45 илјади билети, а компанијата платила два милиони долари за правата за телевизиски пренос.

Натпреварот беше откажан по барање на Фудбалската федерација на Аргентина, откако повеќе аргентински играчи, меѓу кои и Лионел Меси, добија смртни закани, а нивниот национален дрес беше пален и прскан со црвена боја.

Претставници на компанијата наведоа дека наскоро ќе се сретнат со првите луѓе на ФИФА и дека на состанокот ќе биде побарано Аргентина да биде исклучена од Мундијалот.