Таксистите ја блокираа крстосницата кај судовите
Десетици таксисти денеска ја блокираа крстосницата кај судовите во Скопје со барање да им се дозволи повторно да ја користат старата локација, освен новата спроти поликлиниката Бит Пазар, пренесува Алсат М .
„Нема работа таму, нема движење на луѓе, сите излези водат до старото место пред Зегин. Нашето барање е да можеме да се паркираме до три возила каде што бевме порано, тоа да ни го овозможи град Скопје, а новата станица да ја користиме за чекање на ред.“
Но, од Град Скопје ги отфрлат ваквите барањата. Ги повикуваат таксистите да ја почитуваат одлуката и да не предизвикаат сообраќаен хаос.
Град Скопје:
„Местото каде таксистите се паркираа досега е незаконско… Секој чекор што се презема во однос на акциите на Бит-пазар се врши во консултација со луѓе кои живеат, работат или го користат тој простор. Промени или попуштање во оваа насока од страна на Градот Скопје нема да има.“
Сепак, таксистите предупредуваат дека ќе продолжат да протестираат сè додека не се исполнат нивните барања.
Фото: Алсат М