Судењето за „Труст“ ќе продолжи на 12 декември
На денешното судско рочиште за „Труст“ во Кривичниот суд сведочеше управителот на „Силекс неметали СТ“, Васил Ристовски. Тој како втор сведок пред Судот призна дека постоела двојна фактура за веќе набавени машини-дампери кои биле неопходни за добивање на тендерот за ископ на јаглен од ЕЛЕМ.
Во тендерската документација, сведокот Ристовски потврди дека била приложена и сторнирана фактура за набавка на механизацијата за ископ на јаглен, која според него не требало да биде дел од документите. Сведокот потврди дека стари товарни возила завршиле во отпад за старо железо
Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.
Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.
На следното судско рочиште закажано за 12-ти декември, Судот ќе сослуша и двајца вештаци предложени од Специјалното јавно обвинителство.