Српски доктори вградија вештачко срце
Првото вештачко срце во регионот е вградено во Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“ во Србија, објавија српските медиуми.
Зафатот бил извршен во саботата од тим лекари на тој Институт врз пациент на возраст од 43 години, кој имал изразена слабост на работата на срцето и со тоа добил значајно време да почека соодветен орган и трансплантација.
Механичкото срце е слично со големина како и вистинското. Се напојува со батерии кои пациентот по излегување од болница ги носи на грб во ранец тежок шест килограми.
Операцијата траела речиси пет часа. Секој детаљ е снимен, а видеото ќе биде прикажано во јавност.