Споменикот на Крал Марко испишан со кукасти крстови


Непознати сторители испишале кукасти крстови на споменикот на „Крал Марко“ во центарот на Прилеп. Од прилепската локална самоуправа информираат дека тоа се случило во текот на изминатата ноќ, а вандалскиот чин го регистрираа инспекциските служби. Во текот на денот споменикот беше исчистен.

Случајот е пријавен во прилепската полиција и се очекува сторителите да бидат откриени.

Општина Прилеп, се вели во соопштението до јавноста, го осудува ваквиот вандалски чин и упатува апел до граѓаните да ги чуваат спомениците и споменичните обележја во градот, а секој обид за нивно сквернавење да го пријават во пилицијата.