Сончево, попладне услови за локален пороен дожд и грмежи
Времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и североисточните делови.
Утринската температура ќе биде во интервалот од 6 до 14, а максималната дневна од 23 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време со температура од 12 до 29 степени Целзиусови.
Во наредните денови продолжува периодот на топло време со умерен југоисточен ветер. Во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и североисточните делови и тоа претежно во планинските подрачја.