Славни деца на славни личности: Модните недели рај за светска промоција


САД – Во септември на пистата се појави новата жетва на славни потомци, како и во предните редови на разни меѓународни модни недели. Децата на модели кои стануваат модели, или деца на музичари и актери кои на крајот стануваат модели, стигнуваат до светот на модата за да станат познати на пистата по самите себе. Некои лица може да бидат малку попознати од другите, но многубројни млади кои лебдат околу светот на модата конечно се појавија на својата официјална дебитна модна недела како модели што треба да се забележат оваа сезона. Од модната писта во Њујорк до пистата на Париз, ова се новите деца на што треба да ги запаметите во следните сезони што доаѓаат.

Крушата не паднала далеку од крушката кога се работи за синот на Тајсон Бекфорд, Јордан Бекфорд, кој своето деби на пистата го имаше за Томи Хилфигер за време на модниот месец во Шангај. Луис Хамилтон, Хајли Болдвин, Џеси Џеј и Вини Харлоу беа присутни кога Бекфорд првпат се појави на пистата.

Балтазар, синот на режисерката Џули де Либран првпат се појави на модната писта овој септември, кога беше ангажиран на шоуто на Соња Рикиел на модната недела во Париз. Дванаесетгодишниот потомок донесе специјален гостин – кученцето на неговото семејство.

Никол Ричи не е единственото дете на Лајонел со вкус за модата. По потпишувањето со на договорот со модната агенција ИМГ во февруари, Мајлс Ричи, 24-годишниот син на Лајонел и постариот брат на Софија, чекореше на Модна недела во Њујорк на шоуто на Филип Плејн. Оваа есен истетовираниот син го имаше своето враќање во модната недела, но седна во првиот ред наместо да ја зачекори пистата во своите борбени чизми.

Миланската модна недела беше семеен настан за кланот Роселини. Изабела Роселини (да не заборавиме, таа е технички и самата потомок), а нејзиниот син Роберто Роселини присуствуваше на шоуто на Долче и Габана за пролетта 2019 година, како и нејзината ќерка Електра Видеман. Најновиот член на семејството, исто така, му се приклучи на друштвото бидејќи Видеман го држеше Ронин, нејзиниот осуммесечен син, додека таа чекореше по модната писта.

Миланската модна недела продолжи да биде значајна за семејствата оваа година бидејќи синот на Стиви Вондер, Кајланд Морис, го затвори шоуто на Долче и Габана заедно со Карен Елсон, додека неговиот татко седеше пред Карди Б и Лиам Пејн. Оваа сезона, 17-годишниот модел, исто така, беше модел за Пјер Мос во Њујорк.

Се чувствува како да трае неколку месеци, но оваа Њујоршка модна недела, ќерката на Мадона, Лурдес Леон, конечно го имаше своето деби на модната писта. 21-годишната ќерка беше модел за „Џипси модел“ претставувајќи го оригиналниот изглед на „Џен Зи“ од искинати фармерки и мали очила за сонце.

Синот на Елизабет Харли, Демијан Харли, е конзистентен лик на инстаграм-страницата на неговата мајка, но сега, исто така, тој е и докажан модел. 16-годишниот Демијан се има појавено на малите екрани со својата мајка и порано (во една епизода од нејзината серија „Кралско семејство“), а сега тој избра да ги следи нејзините чекори и понатаму со потпишувањето со модната агенција на неговата мајка, „Тес модел менаџмент“. Бидејќи Харли неодамна го потпиша договорот, односно во септември, тој не се појави на пистата оваа модна сезона, но следната сезона овој потомок би можел да биде еден од новите лица што ќе ги гледаме.