Скопјанка добила закани од поранешниот љубовник


Во Полициската станица Карпош вчера во 13:00 часот 26-годишна девојка од Скопје пријавила дека нејзиното поранешно момче В.С.Д. ја уценувало и и се заканувало. Откако на 30 април годинава ја прекинала љубовната врска со В.С.Д., тој и се заканувал и побарал да му даде 2.000 евра бидејќи бил повреден и дека ќе и го одзел старателството врз нејзиното дете, на кое тој не бил родител. Тој и се заканил и дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина, а од неговиот фејсбук профил испратил фотографија и порака со компромитирачка фотографија на нејзината сестра, како и на две нејзини пријателки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот-велат од МВР..