Сити со првото летно засилување: „Граѓаните“ вадат 44,5 милиони фунти за Фред
Зимскиот трансфер прозорец затвори пред неколку дена, но Манчестер Сити веќе успеа да го договори првото ново засилување за летото. Се работи за полудефанзивецот на Шахтјор Доњецк Фред, соопшти електронското издание „goal.com“.
„Граѓаните“ ќе платат 44,5 милиони фунти за правата на 24-годишниот Бразилец.
Самиот Фред имал голема желба да премине во составот на Манчестер Сити уште од моментот кога разбрал дека Пеп Гвардиола има интерес кон него.
Во јануари Манчестер Сити направи еден значаен влезен трансфер, откако го привлече дефанзивецот на Атлетик Билбао, Ајмерик Лапорт, за сума од 57 милиони фунти.