Се омажи Тв водителката Цеце Трајковска
Уште една македонска ТВ водителка „стапна на лудиот камен“. Една од квартетот водители на утринската програма на ТВ Телма, атрактивната Цеце Трајковска му го кажа судбоносното „ДА“ на својот доскорешен партнер, сега сопруг, Стојанче Тодосовски.
Свадбената забава необична и модерна, а на неа се разбира главни невестата и малдоженецот – среќни, весели, вљубени, насмеани и разиграни.
Жежок свадбен танц, наместо свадбен валцер. Цеце облечена во едноставен но ултрамодерен свадбен фустан со висок шлиц, покажа дека танчарските квалитети ги има во секој свој чекор, водејќи го младоженецот низ свадбениот танц со сигурност и заводливост… веројатно, како и низ животот!
Главни на свадбата покрај останатите гости, колегите на невестата од утринската на Телма: Елена Митева, Марко Марк и Гоце Андеевски.