Русија бара за утре состанок на Советот за безбедност на ОН за Сирија


Русија побара за утре состанок на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се разгледа ситуацијата во Сирија.

– Приоритет е да се избегне опасност за војна, изјави претходно рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја, по седница на СБ посветена на Сирија.

Тој ги повика САД и сојузниците да се воздржат од воени дејствија против Сирија заради наводниот хемиски напад во Дума.

На состанокот не била разгледана нацрт-резолуцијата на Шведска за мисија на ОН за хемиско разоружување на Сирија.