„Родарте“ ја облече Барби


САД– Долг е црвениот килим во Холивуд со креации од брендот „Родарте“: Натали Портман, Бри Ларсон, Кирстен Даст…

Дозајнерите Кејт и Лора Мулеви имаа најнов предизвик: да ја облечат најпозната русокоса на светот-Барби.

Со најпродаваната кукла на светот која одамна ги следи модните трендови растеа милион генерации девојчиња,меѓу нив и дизајнерките на „Родарте“ кои изјавија дека ја обожаваа нејзината облека и чевли додекабиле мали.

-Сега ни е чест и предизвик ние да ја облечеме. Дизајниравме специјална есенска колекција, велат тие.

Барби досега ја облекоа и Карл Лагерфелд, Москино, Томи Хилфигер, Оскар де ла Рента…