ПСЖ му нуди на Роналдо 45 милиони евра годишно


Пари Сен Жермен не се откажува од намерата да го ангажира Кристијано Роналдо, а за неговата плата е подготвен да издвои по 45 милиони евра годишно.

Парискиот клуб сака да го искористи незадоволството на Роналдо во Реал од Мадрид и да го привлече со примања исти како на Лионел Меси во Барселона. Досега ѕвездата на Реал заработуваше по 21 милион евра годишно.

Роналдо веднаш по освојувањето на Лигата на шампионите најави за можноста да замине од Мадрид, но потоа изјави дека е погрешно разбран и на навивачите им порача дека „ќе се видат следната сезона“.

Откупната клаузула на Роналдо е невројатни една милијарда евра, а ПСЖ е подготвен за трансферот да понуди 150 милиони евра.