Проекција на филмот „Војна на половите” во кино „Фросина“
– Проекцијата е во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8 Март. Филмот е инспириран од вистинска приказна и го прикажува најгледаниот тениски меч познат како „Војна на половите’’ кој игра значајна улога во вториот бран на женското движење во 1970-тите години и унапредувањето на правата на жените во тенисот. Филмот наиде на одлична филмска критика. Главните улоги ги толкуваат Ема Стоун и Стив Керел, информира Магдалена Спасовска, извршна директорка на ТАКТ.
По проекцијата на филмот ќе се одржи саем на граѓански организации кои работат во областа на родовата еднаквост, како и други забавно-едукативни активности. Влезот е бесплатен.