Проблем за Швајцарија: Гранит Џака заврши во болница


Еден од главните играчи на репрезентацијата на Швајцарија, Гранит Џака, може да го пропушти Светското првенство во Русија.

Играчот од средниот ред на Арсенал го повреди коленото за време на тренингот на националниот тим и го напушти теренот со помош на швајцарскиот персонал и беше однесен во болница за дополнителни прегледи.

Тренингот на тимот беше пдржан под силен дожд и ова беше главната причина за повредата.

Засега не е јасно колку е сериозна повредата, но загриженоста во штабот на тимот е сериозна.