Прилепчанец се обидел да силува велешанка откако договориле средба преку социјалните мрежи


Дваесет и седумгодишна велешанка се здобила со телесни повреди откако 31-годишен прилепанец се обидел да ја силува.

Случајот е пријавен вчера во 14 часот во СВР Велес од страна на 27-годишната С.Ш која со 31-годишниот Е.Ш договорила средба преку социјалните мрежи.

– Со возилото на Е.Ш. отишле на Спомен костурницата во Велес каде што ја присилувал на сексуален однос. Откако го одбила, тој почнал да ја удира по целото тело при што и нанел телесни повреди. Од ударите С.Ш. паднала во бесознание, а Е.Ш. ја оставил во близина на Младинскиот парк и заминал во непознат правец. Со возило на Итната медицинска помош, С.Ш. била пренесена во Општата болница во Велес каде и биле констатирани телесни повреди и била задржана на лекување, изјави Димитар Каракулев, самостоен инспектор за превенција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.